Огромна трагедија ја потресе утрово Македонија! По избувнат пожар околу 3 часот по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како што информираат од МВР, има најмалку 53 жртви, млади лица.
На концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани присуствувале повеќе од 1.500 лица. Пожарот избил во три часот по полноќ, поради несоодветна употреба на пиротехнички средства, по што настанало гушење на присутните, како и стампедо во кое исто така загинале десетина лица.
Но, голем број семејства и пријатели утрово трагаат и по голем број лица кои биле присутни во дискотеката а кои не се се уште пронајдени. Меѓу лицата по кои се трага е и младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров кој исто така бил во дискотеката.
Од семејството и пријателите на Лазаров преку социјалните мрежи повикуваат било кој има некаква информација за Лазаров да контактира преку социјалнте мрежи, или до најблиските единици на МВР.
Повеќе од 100 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар. Повредени се примаат и во болницата „8 септември“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА