Се тресат мрежите на „Енфилд“: Лисандро носи водство на Јунајтед, Гакпо веднаш израмни

Манчестер Јунајтед го шокираше Ливерпул откако избраниците на Рубен Аморим први дојдоа во водство на големото дерби на „Енфилд“ против лидерот на премиерлигашката табела.

Одбраната на Јунајтед успеа целосно да ги исфрли „црвените3 од ритам, а на спротивната страна гостите успеаја и први да постигнат гол преку Лисандро Мартинез.

Ливерпул ја загуби топката на триесетина метри од својот гол, таа стигна до Бруно Фернандеп кој го проигра во простор Лисандро, а аргентинскиот дефанзивец во манир на голем стрелец ја смести топката под гредата, во мрежата на Алисон Бекер.

Голот за водство на Манчестер Јунајтед можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Радоста на гостите кратко траеше бидејќи во 59. минута блесна Коди Гакпо, мајсторски ослободувајќи се од Де Лихт пред да стрела прецизно за израмнување на 1-1.

Се вчитува...