Аргентинецот Енцо Фернандез е првиот избор на Реал Мадрид за летниот трансфер пазар. „Кралевите“ се убедени дека им е потребен играч како него и ќе се обидат да го купат во текот на летото.
Сепак, цената воопшто не е прифатлива. Челзи бара најмалку 130 милиони евра, но од Стемфорд Бриџ се подготвени да прифатат интересна размена.
Шпанците пишуваат дека „сините“ со задоволство би го земале Винисиус Жуниор, ѕвезда на Реал Мадрид, кој сè уште нема договор за продолжување на соработката со „Кралците“, во замена за Енцо.
Проценката е дека за услугите на Фернандез, Реал ќе треба да одвои најмалку 130 милиони евра.
25-годишниот играч од средниот ред се приклучи на Челси во 2023 година за 120 милиони евра, покажувајќи се како врно засилување. Досега за „сините“ одигра 148 меча и има учинок од 25 гола и 27 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

