Борусија Дортмунд е во огромна резултатска криза, која се прошири и со синоќешниот пораз на домашен терен од Тотенхем (1-2) во Лигата на шампионите. Со тоа „милионерите“ дефинитивно немаат надежи за пласман во следната фаза, а ќе се борат за пласман во Лигата на Европа заедно со АПОЕЛ. Во Бундес-лигата, состојбата е уште поочајна, ако се знае дека тимот на Питер Бош има четири порази на последните пет натпревари. Во една ваква ситуација, јасно е дека прв ќе настрада тренерот.
„Знам дека мојата ситуација во клубот е доведена во прашање, но тоа и не е најважно. Сакаме конечно да победиме, и мислам дека клучен натпревар е следниот против Шалке 04 во Бундес-лигата. Не знам што се случува, но во одредени моменти од мечот сме извонредни, а потоа како фудбалерите да забораваат да играат фудбал. Така беше и против Тотенхем. Тргнавме супер, а потоа дозволивме да загубиме“, изјави Питер Бош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА