Се тргна откако замина Мурињо – „бејби бум“ во Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Манчестер јунајтед се покажаа како вистинска машина за бебиња. Во таборот што сега го предводи Оле Гунар Солскјер се очекуваат пет принови.

Прв на новиот член во семејството ќе му се израдува Пол Погба. Ѕвездата на Јунајтед кој се препороди под водство на новиот менаџер. Неговата поубава половина, Марија Салуес го очекува нивното прво дете. Убавицата од Боливија за новогодишните празници беше уловена од папараците во трудничко издание.

Принова во семејството очекува и шведскиот одбранбен фудбалер, Виктор Линделоф. Во октомври неговата поубава половина, Маја Нилсон, со фотографија на Инстаграм ја откри убавата вест.

Во „блажена состојба“ е и атрактивната Сем Кук, придружничка на Крис Смолинг. Сем исто како и Маја Нилсон ја откри веста со фотографија на социјалните мрежи.

За родителска улога се подготвуваат и бразилскиот плејмејкер Фред и неговата сопруга Моник Салум кои соопштија и дека нивниот син ќе се вика Бенџамин.

А, нов член ќе има и во семејството на Матео Дармијан и Франческа Комани.

Се вчитува...