Последниот ден од летниот трансфер рок донесе неколку промени во редовите на еврпските гиганти.
Најскапиот трансфер го оствари ПСЖ кој во последните моменти успеа да го официјализира потписот на Коло Муани кој во францускиот шампон доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт за 95 милиони евра, а вториот најскап трансфер му припадна на Манчестер Сити кој за 62 милиони евра го доби Матеуш Нунеш.
Се засили и Челси кој го доведе младиот талент Кол Палмер од Манчестер Сити, а од Англичаните активни беа и Тотенхем, Манчестер Јунјтед и Ливерпул кои се засилија со Бренан Џонсон, Софјан Амрабат и Рајан Гравенберх.
Барселона доби два нови фудбалери. На позајмица на „Камп Ноу“ пристигнаа Португалците Жоао Кансело и Жоао Феликс, а интересно и покрај тоа што преодниот рок во најголемиот дел од Европа заврши, најскапиот трансфер во историјата се уште може да се случи.
Ливерпул на маса има понуда вредна 233 милиони евра за Мо Салах, а има можност на истата да одговори до 10. септември до кога трае преодниот рок во Саудиска Арабија.
Доколку „црвените“ ја прифатат понудата тоа и официјално ќе биде нов трансфер рекорд. Истиот засега го држи Нејмар кој во 2018 година се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

