Се уште нема одлука за Супер-лигата, се разгледуваат сите опции

Конечната одлука околу бројот на екипи во ракометната Супер-лига за сезоната 2021/2022 се уште не е донесена и за истата ќе се дискутира до краајот на наредниот месец.

Иако постоеја неофицијални информации дека е решено бројот на екипи што сигурно ќе испаднат да се намали од шест на четири, од „куќата на ракометот“ откриваат дека тоа е само една од опциите кои се разгледуваат, но и дека конечна одлука нема да биде донесена во блиска иднина.

„Уште на последното Собрание на РФМ беше посочено дека за барањето на дел од суперлигаши поврзано со бројот на екипи кои ќе испаднат на крајот од сезонава ќе биде дискутирано до 15 март. Тие дискусии се во тек, се разгледуваат најразлични опции, а по истекот на овој рок ќе биде составен предлог што ќе се најде пред членовите на Управниот Одбор“, информираат од Ракометнат Федерација на Македонија.

Според актуелните пропозиции, од осумте екипи кои ќе бидат дел од плејаут натпреварувањето само првата обезбедува сигурен опстанок, додека втората  во бараж-дуел ќе се сретне со најдобриот тим од Првата лига.

Се вчитува...