Се уште непозната судбината на Серхио Перез: Можно враќање во Формула 1?

Поранешниот возач на Ред Бул, Серхио Перез, одлучи да паузира шест месеци пред да се обиде да се врати во Формула 1. Факт е дека се соочува со големи промени во кариерата откако Ред Бул Рејсинг одлучи да го прекине партнерството со него на крајот на изминатава година.

Мексиканецот ќе паузира најмалку шест месеци од трките за да размисли за неговиот следен чекор и потенцијалното враќање во Формула 1.

Ред Бул донесе одлука да се раздели со него откако Перез минатата сезона не ги оправда очекувањата. Низата лоши резултати кулминираше со губењето на конструкторската титула за Ред Бул Рејсинг, додека Макс Верстапен ја освои својата четврта последователна титула за возачи во вториот болид на тимот.

Тимот одлучи да го раскине двегодишното продолжување на договорот на Перез, кој беше потпишан ова лето, и наместо тоа да го промовира младиот Лиам Лосон во првиот тим за 2025 година.

Се вчитува...