АТП и ВТА, кои го коорганизираат Јунајтед купот, објавија дека ќе бидат дозволени тактички тајм-аути за време на натпреварите во мешани двојки на следното издание на репрезентативниот турнир на отворањето на сезоната.
Новото правило ќе му дозволи на играчот или капитенот да повика тајм-аут од 60 секунди за да разговара за стратегијата со притискање на големото црвено копче кое ќе се наоѓа веднаш до теренот.
Тајм-аут може да се бара само за време на сервисот, не помеѓу првиот и вториот сервис, со максимум едно користење по тим за време на мешани двојки, но не и за време на поединечните натпревари.
„Тајм-аут значи прекин во играта, тоа е можност тимовите да разговараат за тактиката и стратегијата и потенцијално да ја променат динамиката на натпреварот“, изјави Стивен Фароу кој е директор на Јунајтед купот.
Јунајтед купот ќе се игра од 27. декември годинава до 5. јануари следната година во Сиднеј и Перт, а на него учествуваат 18 екипи и ќе биде подготовка за првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА