Меѓународната организација за првила во фудбалот, во соработка со ФИФА планира да воведе нови правила во фудбалот. На состанокот денеска во Лондон се очекуваат да бидар претставени новите правила, а најинтересни се оние кои може да се споредат со кошарката. Станува збор за стопирање на времето кога играта ќе биде во мирувње.
Овој пример и порано се разгледуваше, но никогаш не беше доведен. Целта е натпреварот да биде повеќе играчки дел, затоа што денеска фудбалерите често знаат да го трошат времето со излежувања или слично. Покрај тоа, се планира и зголемување на дополнителното време на полувремето и на крајот.
„Не велам дека времето треба да се сопре кога топката ќе излезе во аут, но за оние инциденти кои предизвикуваат најмногу доцнење како прослава на голови, замени, казни, повреди и ВАР“, објасни порашениот потпретседател на Арсенал, Дејвид Дејн.
Главното собрание треба да ги одобри тие евентуални промени, а потоа треба да минат две сезони за да бидат примение.
On 18 January, the Annual Business Meeting (ABM) of The IFAB will take place in London. The agenda is now confirmed.
➡️ https://t.co/3bK3cVTTr7 pic.twitter.com/Q3n2M3OY7U
— The IFAB (@TheIFAB) January 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА