Се враќа големиот ас на Јуве, но Сари го одмора Роналдо

Јувентус ќе биде сериозно ослабен за утрешниот дуел со Бреша откако Маурицио Сари реши да се коцка и воопшто не го вклучи Кристијано Роналдо во списокот на фудбалери за овој натпревар.

Португалецот се наоѓа во извонредна форма, се запишуваше меѓу стрелците на последните 10 средби во Калчо-лигата (нов рекорд на Јуве), но Сари реши да го одмори во пресрет на новата серија напорни натпревари и продолжението од настапите во Лигата на шампионите. Покрај Роналдо, во тимот ќе ги нема ниту повредените Коста, Бернардески, Кедира и Демирал, па јасно е дека Сари ќе го почне мечот со аргентинскиот тандем Дибала – Игуаин во нападот.

Одлична вест за „старата дама“ е камбекот на Џорџо Кјелини, извонредниот дефанзивец кој ги надмина проблемите со тешката повреда на коленото и утрешниот дуел ќе го почне од клупата за резерви. Враќањето на Кјелини токму во клучниот дел од сезоната дефинитивно е голем плус за „старата дама“ во трката за трофеи.

Се вчитува...