Се враќа Лесор, ПАО отпушти еден центар

Панатинаикос ангажираше бројни засилувања откако почна оваа сезона во Евролигата, а во ситуација кога се враќаат дел од повредните играчи јасно беше дека „зелените“ од Атина ќе мораат и да го лимитираат својот ростер.

Матијас Лесор конечно е „фит“ и следната седмица би требало да заигра во Евролигата, а камбекот на Французинот значеше и крај на авантурата нa Oмер Јурцевен во Атина. Турскиот центар дојде во Атина на барање на тренерот Атаман, но во ситуација кога во тимот ги има и Холмс и Фарид, стратегот на ПАО реши прв од тимот да си замине токму неговиот сонародник.

Неофицијално, Јурцевен веќе го има договорено новиот трансфер, па се очекува во следните 24 часа тој да ја комплетира преселбата во Галатасарај.

Се вчитува...