СЕ ВРАЌА НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛ: Премиерлигата незначително погодена од кризата, Примера уништена… Шанса за Бундеслигата?

Овој викенд почнуваат најсилните првенства во Англија, Шпанија и Германија.

Доаѓањето на Лионел Меси – и не само неговото – ги привлече сите светла на рефлекторите кон Парис Сен Жермен, но како што „Светците“ нема да имаат поголема конкуренција во Лига 1, ќе ги набљудуваме повеќе како “highlight” моменти на париските велемајстори. За овој вистинскиот, натпреварувачки фудбал, ќе мора да гледаме во други правци, а се чини дека никаде нема да биде интересно како во Англија, Шпанија и Германија каде сезоната почнува токму овој викенд.

Кај Англичаните бар нема никакви дилеми, нив кризата поради корона вирусот само малку ги погоди, па така Манчестер Сити ова лето даде 117.500.000 евра за Џек Грилиш, Челси ќе даде исто толку за Ромелу Лукаку, додека пак, Манчестер Јунајтед даде 85.000.000 за Џејдон Санчо. Ако на ова ги додадеме и 40.000.000 на Ливерпул за Ибрахим Конате на веќе силниот тим, па 58.500.000 на Арсенал за Бен Вајт, Лестеровите 30.000.000 за Патсон Дак и да не набројуваме понатаму – сосема е јасно дека нема да гледаме изедначена лига, барем кога говориме за најдобрите.

Чекаме уште да видиме дали Хари Кејн ќе остане доследен и ќе го остави Тотенхем на цедило, а токму „петлите“ ќе бидат на најголем испит во првото коло, бидејќи им доаѓа Манчестер Сити, а квотата на Mozzart од 5,50 на победа на лондонскиот тим сведочи на тоа дека на „петлите“ веќе не се гледа како на сериозен кандидат за титулата.

Неделниот дуел е без сомнение дерби на колото, а ни почетокот на сезоната нема да биде неинтересен, бидејќи Арсенал веќе во петок ќе брка победа на гостувањето кај Брентфорд (квота на двојка 1,95), додека во сабота од 13.30 Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го нападне Лидс на Марсело Биелса со квота на кец од 1,60 во обложувалниците на Mozzart.

За разлика од Англичаните, Шпанците короната ги упропасти, па во пресрет на почетокот на сезоната шест клубови не можеа да ги регистрираат своите летни засилувања. Меѓу нив и осакатената Барселона, која во сабота го игра дербито на колото со Реал Сосиедад со и понатаму изгледни шанси за победа, поради што Mozzart за победа на Каталонците плаќа со квота од 1,75. Антоан Гризман и понатаму е тука, Педри ветува, а ќе видиме дали Жоан Лапорта ќе успее на време го ги регистрира најголемото летно засилување, Мамфис Депај.

Реал Мадрид ова лето се ограничи само на доаѓањето на слободниот Давид Алаба, чувајќи го буџетот за Килијан Мбапе на лето 2022, па Карло Анчелоти со проверен, но и исцрпен состав. Сепак и докажан за што говори квотата од 1,47 на победа на Кралскиот Клуб на гостувањето кај Алавес.

Двојката на Атлетико на гостувањето кај Селта во Mozzart се плаќа со квота 2,00, иако актуелниот шампион го задржа целиот состав од минатата сезона, а притоа го додаде и 35.000.000 евра платениот Родриго Де Пол. Се шпекулира дека на него може да го додадат и Душан Влаховиќ.

Кога се Германците во прашање, тука немаше некои радикални промени. баерн го замени Давид Алаба со Дајо Упамекано во трансфер тежок 42.500.000 евра, а на негово место во Лајпциг за 15.000.000 евра дојде Мохамед Симакан од Стразбур, додека пак, Борусија го откупи Мален од ПСВ за 30.000.000 евра.

Роберт Левандовски е и понатаму прва ѕвезда, а Баерн изразит фаворит, што ќе проба да покаже веќе на отворањето на сезоната, со оглед на тоа дека денес ќе гостуваат кај Борусија во Менхенгладбах. Победа на Баварците во Mozzart се множи со 1,60, што повторно сведочи за тоа дека и оваа сезона се очекува прошетка на актуелниот шампион до нова титула.

Погледајте ги сите квоти за првото коло на Бундеслигата во Mozzart

Она што може да биде особено интересно се и квотите за тоа кои се главни фаворити за освојување на титулите во своите шампионати. Во Англија, прв фаворит е Манчестер Сити со квота 1,70, во Шпанија и покрај сè Барселона со квота 3,20, а во Германија квотата дека Баерн ќе биде повторно шампион е 1,15, што доволно говори за доминацијата во Бундеслигата. Погледнете ги сите квоти за шампиони во првенствата.

Но, изненадувањата се дел од фудбалот, а во Англија, Шпанија и Германија секако би требало да бидат во поголем број отколку во Франција. Па кога е веќе така, покажете го своето знаење. Играјте во Mozzart.

 

Се вчитува...