Македонскиот селектор Благоја Милевски за натпреварот со Португалија во финалето од баражот за место на Мундијалот во Катар ќе ги има повторно на располагање Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои беа стандардни во тимот низ квалификациите за СП 2022.
Сето тоа внесува и нови моменти околу стартниот состав, во однос на оној против Португалија, и тоа единствено во средниот ред и нападот. И Елмас и Костадинов се очекува од првата минута да бидат во составот на Милевски, заедно со Адеми, Барди, Чурлинов и Трајковски, кој можеби сега ќе ја добие и најистурената улога во офанзивата.
Се очекува да нема никакви промени во дефанзивната линија, каде повторно ќе бидат капитенот Стефан Ристовски, Муслиу, Велковски и Алиоски пред голманот Столе Димитриевски.
Македонија имаше одлична тактичка поставеност во средниот ред на дуелот со Италија, во линијата во која беа тркачки неутрализирани обидите на актуелните европски шампиони а креација на посакуваните акции. Токму тоа и пресуди Италија и покрај константната иницијатива сепак да остане само со повеќе од скромен број изработени шанси пред голот на Донарума.
Со враќањето на Елмас, тимот на Милевски, пак, добива поголема креација во офанзивната линија отворајќи простор и за поактивна опасност пред голот на Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА