Осум НБА тимови кои не беа дел од рестартот на сезоната во Дизниевиот комплекс во Орландо со тренинзи ќе почнат следниот месец во своите сали, објави синдикатот на кошаркари. Враќањето на кошаркарите на теренот ќе се одвива во две фази. Во првата од 14. до 20. септември ќе се одржат индивидуални тренинзи со почитување на протоколите за заштита од коронавирус.
Во втората фаза од 21. до 6. октомври ќе почнат со тренинзи во „балонот“ во градот каде екипата ќе има можност да игра контролни натпревари. Осумте екипи кои не се квалификуваа за Орландо се Атланта, Голден Стејт, Њујорк, Минесота, Шарлот, Кливленд, Чикаго и Детроит. Од прекинот на шампионатот во март до почетокот на следниот кој е закажан за декември овие екипи ќе мора да надокнадат девет месеци без играње мечеви со натпреварувачки карактер во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА