Се врати Ирвинг: Ми беше потребна пауза, ги разбирам навивачите…

Кајри Ирвинг е еден од најконтроверзните играчи во НБА лигата. Бекот на Бруклин одигра само седум натпревари во досегашниот дел од првенството, а по двонеделната пауза се врати на тренинзите на Нетс.

„Драго ми е што се вратив, имаме одличен тим и одиме понатаму, а мојата игра ќе зборува сама за себе. Само ми беше потребна пауза. Имав многу семејни и лични проблеми, засега тоа нека биде доволно“ – изјави Ирвинг.

Притоа шесткратниот Олстар играч им се извини и на навивачите…

„Ги разбирам нив бидејќи и јас почнав како фанатик, негувам емоции кон овој тим уште од кога бев дете“ – додаде супер-ѕвездата на составот.

Ирвинг настапи на синоќешниот дуел со Кливленд на кој тимот на Бруклин претрпе пораз од 147-135 (по две продолженија), а проблематичниот бек постигна 37 поени.

Се вчитува...