Се врати Меси, се вратија и победите на ПСЖ

ПСЖ им се врати на победите во француското првенство откако во 18. коло славеше на домашен терен против Анже со 2-0. До победа „светците“ ги предводеа Екитике со гол во 5. минута и Меси кој ја затресе мрежата во 72. минута.

Второпласираниот Ленс киксна на гостувањето кај Страсбур со 2-2, со 2-2 ремизираа и Лориен и Монако, а Ница немаше проблеми против Монпелије славејќи со 6-1. До три бода стигна и Марсеј кој славеше со 0-2 кај Троја.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...