Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски дадоа полн придонес во новиот триумф на Палермо над Салернитана (3-0), по што овој тим го задржа врвот на табелата во Серија Б. Несторовски се врати во стартниот состав по паузата поради повреда, а Трајковски беше асистент на првиот погодок што го постигна Чочев во 30.минута од средбата.
Нестор – гол играше до 69.минута, кога на негово место во игра влезе Монакело, а токму тој десет минути подоцна го постигна вториот гол за Палермо на овој меч. Асистент повторно беше Александар Трајковски.
Трајковски беше повлечен од игра во 83.минута, а во судиското продолжение Јајало го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА