Се врати стариот Леброн и донесе победа за Лејкерс, триумф и за Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс се вратија на победите во НБА лигата, откако доцна синоќа славеа на гостувањето кај Филаделфија 76 со 108-112.

Леброн Џејмс ја одигра најдобрата своја партија во новата сезона завршувајќи го мечот со 29 поени. Лука Дончиќ исто така се врати во тимот со одлична вечер во која запиша трипл-дабл учинок од 31 поен, 15 скока и 11 асистенции. Кај поразените Тајрис Макси постигна 28 поени.

Победа издвојува и Денвер нагетс на гостувањето кај Шарлот хорнетс со 106-115. Џамал Мареј со 34 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мајлс Бриџис постигна 24 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њујорк – Орландо 106-100, Торонто – Бостон 113-121, Мемфис – Портланд 119-96, Чикаго – Голден стејт 91-123 и Јута-Оклахома 101-131.

Се вчитува...