Се врати „стариот“ Стеф Кари – 62 поени во триумфот над Портланд (видео)

Паузата од една година од терените не му може ништо на Стеф Кари, кој на самиот почеток од новата сезона потсети на своите најдобри денови. Извонредниот шутер беше во неверојатен ритам на синоќешниот дуел со Портланд, на кој Кари постигна рекордни во кариерата 62 поени, носејќи му на Голден Стејт триумф од 137-121. Тој го најави извонредното шутерско шоу со 21 постигнат поен во првата четвртина (7/11 шут од поле), по што продолжи во сличен ритам до самиот крај.

Тој стигна до 62 поени за само 36 минути игра (18/31 од поле, 8/16 за тројка), додавајќи и пет скокови и четири асистенции.

„За мене е чест што можам да му бидам тренер. Каков меч денеска, едноставно неверојатно“, изјави тренерот на Голден Стејт, Стив Кер по дуелот со Портланд.

Погледнете го ова кошаркарско шоу на Стеф Кари неговите рекордни 62 поени…

 

Се вчитува...