Манчестер Сити го престигна Арсенал на првата позиција на табелата во Премиерлигата, откако го совлада и тоа на „Емирати“ во Лондон со 1:3. Иако Арсенал има и натпревар помалку, избраниците на Пеп Гвардиола ја направија битката за титулата уште „пожешка“.
Во можеби најважниот меч во оваа сезона во Премиерлигата, Сити имаше посилни нерви, подобра ефикасност, подобра одбрана за да слави триумф, важен во битката за титулата.
Манчестер Сити поведе преку Де Брујне во 24. минута. Сака од пенал израмни во 42. минута.
Досуден пенал за Сити на стартот од вториот дел, па поништен, но тоа не беше проблем „граѓаните“ да стигнат до триумфот. Грилиш во 72. минута донесе ново водство за гостите, за Халанд во 82. минута стави печат на победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

