Голманот Лорис Кариус и атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота наскоро ќе станат родители, а за Германецот да биде поблиску до новороденaта ќерка неговата „поубава половина“ прави се во нејзина можност да му договори трансфер во редовите на вицешампионот на Европа, Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
Кариус кој во моментот е трет голман на Њукасл во изминатата сезона запиша само еден настап во поразот од Манчстер Јунајтед во ФА Купот, треба да ја врши истата функција и во италијанскиот гигант зад Андре Онана и Самир Хандановиќ.
Кариус кој во својата кариера бранеше и за Мајнц, Ливерпул, Унион Берлин и Вешикташ ќе остане запомнет по катасторфалните грешки во финалето од Лигата на Шампионите во 2018 година кога носејќи го дресот на „црвените“ го поклони трофејот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА