Мауро Икарди е една од големите желби на „новиот“ Њукасл кој од следната сезона се очекува да биде во конкуренција за висок пласман во Премиерлигата. Но, аргентинскиот голгетер ќе ја одбие оваа понуда поради неговата сопруга Ванда Нара која не сака да замине од „светлиот“ Париз во „дождливиот“ Њукасл, пренесуваат англиските медиуми.
Имено, Ванда Нара која е и агентка на Мауро Икарди во минатото ја „тресираше“ неговата кариера и беше една од клучните фигури за неговиот премин од Интер во ПСЖ.
Икарди беше дел и од „Ла Масија“, а кариерата ја започна во Сампдорија од каде следеше трансфер во Милано, но голгетерот во последните години не успеава да се наметне како еден од клучните играчи во своите тимови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА