Се поизвесно е дека Ромелу Лукаку по само една година помината во Челси ќе направи нов трансфер. Белгиецот не успеа да се наметне ниту во втората епизода на „Стемфорд Бриц“, притоа се покаја дека заминал од Интер, а сега сака да се врати во редовите на „нероаѕурите“.
За тоа искусниот голгетер е подготвен и на драстично намалување на платата, пренесуваат италијанските медиуми. Имено, Белгиецот е подготвен да прифати годишна плата од 7.5 милиони eвра, помала од онаа која во редовите на англискиот гигант изнесува 12 милиони фунти со бонуси од 2.9 милиони.
Како потсетување претходното лето Лукаку повторно го облече дресот на Челси по трансфер од 113 милиони евра. Во 44 одиграни натпревари за „сините“ постигна само 15 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА