Се за љубов: Меси одбива плата од 500 милиони за да игра за минималец во Барселона

Лео Меси по два години поминати во ПСЖ ќе замине од клубот како слободен играч. Аргентинецот пристигна на „Паркот на Принцовите“ по финансиските проблеми со кои се соочи Барселона, но мега проектот не вроди со плод. Притоа раководството на клубот и го суспендира по непланирантиот излет во Саудиска Арабија па ситуацијата дополнително се влоши.

За продолжување на кариерата наскоро 36-годишникот има опција да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да премине во Саудиска Арабија каде ќе заработи 540 милиони евра, но тој сака да се врати во редовите на Барселона каде е подготвен да „жртвува“ и 66 отсто од платата која ја прима сега.

Имено, поради финансиските проблеми и запазувањето на фер-плеј правилото Барселона може да му понуди 10 милиони евра по сезоната, понуда која Меси се очекува да ја прифати. Со тоа тој би станал само осмиот најплатен фудбалер во тимот зад Де Јонг, Бускетс, Левандовски, Алба, Фати, Кунде, Рафиња и Дембеле.

Се вчитува...