Се за љубов: Робињо се нуди да игра – само за 10 долари месечно

Робињо промени бројни клубови и заработи десетици милиони долари низ кариерата, но бразилскиот голгетер сега е подготвен да се врати во татковината. Тој отворено им се понудил на челниците на Сантош повторно да го облече дресот на бразилскиот гигант, притоа барајќи само симболична плата од 10 долари месечно.

Тој веќе наполни 36 години и е слободен играч по истекот на договорот со Башакшехир, во текот на летово веќе одби неколку понуди од клубови од Европа и Кина за да се пресели во нивните редови. Желбата на Робињо е јасна – враќање назад во Сантош, а откако управата му соопштила дека се соочува со сериозни финансиски проблеми, поранешниот бразилски репрезентативец го изненадил претседателот Орландо Роло барајќи плата од само 10 долари.

Робињо на тој начин сака да му помогне на Сантош, а клубот е подготвен да му понуди двогодишен договор. Сепак, во него би стоела клаузула дека платата би можела да биде зголемена во втората година, во зависност од финансиската стабилност на клубот“, пишува весникот „Глобо“.

Робињо со голем успех го носеше дресот на Сантош од 2002 до 2005 година, по што се пресели во редовите на Реал Мадрид.

 

Се вчитува...