Се за пари: Лео Меси, „амбасадор за туризам“ на Саудиска Арабија

Лионел Меси го навлече бесот на јавноста откако аргентинскиот ас отпатува за Саудиска Арабија за промоција на туризмот во оваа земја.

Асот на ПСЖ синоќа пристигна во Џедах во друштво на својот сонародник Леандро Паредес, по што веднаш беше објавена фотографија од Министерството за Туризам на Саудиска Арабија, со наслов: Им посакуваме добредојде на Лионел Меси и неговите пријатели во Џедах, за да уживаат во историското наследство на градот и во убавините на Црвеното Море.

Нешто подоцна Меси постираше фотографија од јахта, спонзориран пост од Садијците со хашгаг: „Посетете ја Саудиска Арабија“.

Идејата Меси да стане своевиден „амбасадор за туризам“ на Саудиска Арабија за првпат се појави во јавноста во месец февруари, кога веднаш беше покрената и иницијатива до фудбалерот да ја одбие оваа понуда, од семејствата на лицата кои се убиени или се уште се наоѓаат во затворите во оваа земја.

Тие дури испратија и писмо до Меси, чија содржина беше објавена и во медиумите ширум Европа. Ти си инспирација на милиони луѓе и она што го кажуваш и што го правиш навистина прави разлика. Накратко речено, имаш огромна моќ, но со таа моќ доаѓа и огромна одговорност.

Меси тогаш ја одби понудата, но откако во меѓувреме пристигна нова и побогата, Аргентинецот прифати. Очигледно никој не е имун на многу пари, па ни најдобриот фудбалер на денешницата.

Се вчитува...