Се загрева атмосферата, украинските и македонските фанови подготвени за поддршка

ЕКИПА во Прага, Чешка
Горан Бошев

ФОТО: Роберт Спасовски

Македонските и украинските навивачи се подготвуваат да дадат поддршка на селекциите на денешниот меч на „Епет Арена“ во Прага. Ќе има околу 1.000 наши навивачи, додека Украинците се очекува да имаат околу 7.000.

Македонските фанови најпрво од фан зоната во центарот на Прага, се упатија кон стадионот на Спарта Прага. Се очекува атмосферата да биде одлична, иако ќе има само 50% гледачи од капацитетот на стадионот, кој има околу 19.000 места.

На навивачите очигледно нема да им пречи ниту дождот кој на моменти многу силно врне во Прага непосредно пред натпреварот.

Се вчитува...