Авионот со кој кошаркарите на Жалгирис патувале во Атина на денешниот натпреварот од Евролигата против Олимпијакос, се запалил во текот на летот.
Поради дефект на системот за сопирање, едно тркало се запалило за време на слетувањето што предизвикало пожар во авионот. За среќа, пилотот брзо реагирал и спречил поголема трагедија. Успеал да го стави под контрола авионот и безбедно да слета, после што брзо бил изгаснат и пожарот.
Во сето тоа, интересно е дека кошаркарите на Жалгирис не ни забележале дека тркалото под авионот е во пламен. Тоа им е кажано дури по излегувањето од авионот кое за нивна среќа, завршило без посериозни последици.
Литванскиот тим вечерва ја отвора четвртфиналната серија во Евролигата против грчкиот Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА