Се запиша и во историјата на Јувентус: Роналдо најбрзо постигна девет гола во дресот на „дамата“

Португалскиот ас Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди. Тој постави нови вредности во Реал Мадрид и во европскиот фудбал, во Лигата на шампионите, а не му требаше многу за да ја промени и историјата на Јувентус.

Роналдо вечерва го постигна деветтиот погодок во дресот на „дамата“ од почетокот на сезоната, и го израмни рекордот на Пјетро Анастаси, кој по 13 кола во далечната 1968 година, пред точно половина век, исто така успеа да постигне девет погодоци. Португалецот постигна гол на секој од последните три натпревари и во 2018 година има учествувано во вкупно 39 гола, израмнувајќи се со Лионел Меси и со Луис Суарез.

 

Се вчитува...