Аргентина се провлече до осминафиналето на Мундијалот во Русија, откако синоќа ја совлада Нигерија со 2-1, со голот на Маркос Рохо во 86.минута од мечот. Но, беше навистина нервозно во таборот на Аргентинците бидејќи тие беа на работ на испаѓање во самиот финиш од мечот. Селекторот Хорхе Сампаоли, кој претрпе многу критики во изминатиот период, се правеше со дозвола на Лионел Меси.
Во 80.минута, тој го праша најдобриот играч дали треба да го внесе Кун Агуеро на теренот како трета замена. Меси одговори потврдно, а Сампаоли веднаш реагираше…
Sampaoli le pregunta a Messi si pone al Kun. Lloro. El DT es una caricatura. pic.twitter.com/V13oci3bla
— Charlie CARP (@CARP_CC) June 26, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА