Се знае кој е главен во Ал Наср: Тренерот сакаше да го извади Роналдо од игра, но … (видео)

Ал Наср лесно и убедливо загуби од Бенфика со 4-1, уште еден меч на кој меѓу другото беше очигледно и дека Кристијано Роналдо е предалеку од својата форма од пред неколку години, колку и егото да не му дозволува на Португалецот да си го признае тоа.

Сепак, Португалецот останува алфа и омега во својот клуб од Саудиска Арабија, доказ за тоа е и неговата реакција на синоќешниот дуел, кога тренерот Луис Кастро при негатива од 3-1 реши да го повлече Кристијано од игра. Роналдо јасно стави до знаење дека не се согласува и побара уште пет минути на теренот пред да биде заменет.

Очекувано, Кастро немаше друг избор освен да се согласи, знаејќи дека секоја војна со главната ѕвезда во клубот може да резултира само со тренерска смена, со ништо друго…

Се вчитува...