Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, откри дека не се чувствува загрозен од конкуренција во пресрет на новата сезона во Формула 1, откако беа претставени новите болиди на Мерцедес и Ферари, а вчера и на Мекларен. Германецот сепак нагласи дека тоа се само првите впечатоци, а дека вистинската моќ на тимовите и на нивните болиди ќе се види на претсезонските тестови.
„Не мислам дека сме во улога на аутсајдер. Ги следиме претставувањата на болидите и се консултираме со дизајнерите зошто го примениле ова или тоа решение. Се уште е тешко да се суди. Квалитетот и аглите на снимките играат голема улога. Така што, реално првите впечатоци за конкуренцијата ќе ги кажам после претсезонските тестови во Барселона. Инаку, досега не водов нешто што треба да ме загрижи“ – изјави Себастијан Фетел.
Првата сесија од пртсезонските тестови во Барселона ќе се спроведе од 26 февруари до 1 март, а завршните тестови ќе бидат од 6 до 9 март. Новата сезона во Формула 1 стартува на 25 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА