Себастијан Фетел, поранешниот германски возач кој возеше во најбрзиот шампионат на светот од 2007 до 2022 година притоа освојувајќи четири шампионски титули би можел да се врати во Формула 1 и тоа со нова улога.
Во последните денови се појавија гласини дека Фетел би можел да го наследи Хелмут Марко на советничката позиција во Ред Бул, тимот за кој Германецот возеше пет години па и тој самиот го потврди интересот.
„Имам одличен однос со Хелмут и во контакт сме на темата за која се говореше. Разговорите се уште не се интензивни, ни конструктивни, но тоа е нешто што би можело да има голема улога. Останува да видиме во која форма“, изјави Фетел кој сепак нагласи дека неговото враќање во Формула 1 нема да биде во блиска иднина.
„Марко е незаменлив и треба да остане така. Неговиот карактер… Тој навистина многу придонесе за целиот тим и за она што е постигнато во текот на годините од 2005 година наваму. Можеби дури и не е целта некој да го замени. Тој многу пати кажа дека ќе се пензионира, а се уште е тука. Се надевам дека ќе биде со нас долго време, но во еден момент ќе биде неизбежно дека ќе продолжи понатаму, а тој го знае тоа. Тој е брутален реалист и може многу добро да ги процени работите. Ќе почувствува кога ќе дојде вистинското време. Морам да признавам дека не следев се толку внимателно во претходните денови, но мислам дека знам што прави. Што и да се случи, многу може да се научи од него“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

