Колумбискиот интернационалец со македонски пасош, Себастијан Херера својата кариера ќе ја продолжи во кипарскиот прволигаш Докса.
27-годишниот левокрилен дефанзивец изминатава полусезона беше дел од штипска Брегалница, по враќањето од унгарска МТК Будимпешта. Претходно во кариерата настапуваше и за Работнички од каде се пресели во Унгарија.
Херера имаше потпишан преддоговор со Шкендија, но откако не се реализира трансферот поради промената на раководството во тетовскиот клуб, сега кариерата ја продолжува на Кипар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА