Себастијан Колтеску – кој му даде да суди, подобро да беше танчер

Себастијан Колеску е судијата кој се најде во центарот на вниманието по синоќешниот скандал на мечот ПСЖ – Башакшехир, откако гостинските фудбалери не сакаа да го продолжат натпреварот поради наводните расистички навреди што романскиот арбитар ги упатил кон помошниот тренер Вебо.

Целата судиска кариера е исполнета со скандали, па така овој арбитар по серијата грешки во 2007 година бил префрлен да суди во втората романска лига. Една година подоцна романските фудбалски власти го враќаат да ја дели правдата во елитата, но тој никогаш не успеа да се наметне со својот авторитет.

„Целата негова кариера е исполнета со темни моменти. Можеби има талент за судење, но тоа не е доволно бидејќи во таа професија мора да се чесен и непристрасен. Подобро ќе беше ако Колеску станеше танчер или пејач“, изјави поранешниот романски судија Адријан Порумбиу, сега член на управата на Васуи, по неколкуте грешки со кои овој судија го оштети неговиот тим на 23 ноември година, на дуелот со ФЦСБ.

„Секој знае дека грешките се вообичаена работа, но кај Колеску едноставно нема меч на кој тој нема директно влијание врз резултатот. Тоа е случај со години“, додава Порумбиу.

УЕФА најави истрага и голема е веројатноста дека ова ќе биде последен натпревар на Колеску како професионален судија.

 

Се вчитува...