Дефанзивецот Седат Бериша и официјално е промовиран во дресот на албанскиот прволигаш Тирана.
24-годишниот Бериша, откако го доби досегашниот свој клуб Влазнија од Скадар пред ФИФА за заостанати плати и стана слободен фудбалер, денеска потпиша едногодишен договор со Тирана, со можност за продолжување на истиот на уште една година. За Тирана ова лето потпиша и довчерашниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски.
Седат Бериша претходно во својата кариера има настапи и за Скопје, Милано, Шкендија и Металург во македонскиот шампионат, но и за Ал Јаха во Кувајт како и за турскиот Бурсаспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

