Седлоски: Благодарност до публиката, заслужено стигнавме до победа

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше на домашен терен со 2-1 против Лозана во првиот натпревар од двомечот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски по мечот изјави дека Вардар заслужено стигнал до победа.

„Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме офанзивен фудбал и тоа го остваривме на теренот. Единствено не сум задоволен од тоа како влеговме во првите десетина минути во второто полувреме, но не треба да се заборави дека имавме тежок ривал од Швајцарија со голем буџет.  Тука не застануваме. Уште Лозана ја има улогата на фаворит, но ние ќе работиме ќе се подготвуваме да ја оствариме целта и во реваншот. Благодарност и до публиката која беше наш 12. играч. Постојано не бодреа и ние им подаривме триумф“, изјави Седлоски.

Се вчитува...