Седлоски: Да ни понудеше некој 3-0 пред мечот, ќе прифатевме

Вардар со 3-0 го совлада тимот на Ла Фиорита во првиот меч во првото коло од Лигата на конференции. „Црвено-црните“ со три гола во вториот дел успеа да дојде до убедлива победа, со која направи голем чекор кон второто коло и дуел со Лозана во следната рунда.

Тренерот на Вардар Гоце Седлоски на прес-конференција по мечот кажа дека е задоволен од резултатот и дека би прифатил ваков резултат пред мечот, со задоволство ќе бил прифатен.

„Прво да им честитам на играчите, во првиот дел влеговме под грч, затоа што некои играчи играат вакви натпревари првпат. Беше незгодно, затоа што ако не дадеш гол, вакви противници можат да ти дадат гол. Измените кои ги направивме дадоа резултат и заслужено победивме. Шансите кои ги имавме моравме да ги решиме. Да ни понудеше некој 3-0 пред меч ќе прифативме. Но, ова е прв дел, одиме на реваншот да ја одработиме нашата задача“, изјави тренерот на Вардар.

„Доста играчи не ни беа на подготовки, така што новите играчи допрва треба да се докажуваат. Знаеме колку тежи вардаровиот дрес. Задоволен сум од Диего и од Мато во вториот дел. Ибрахим Оласеибикан играше добро во првиот дел. Презадоволен сум од тоа како одигравме“, рече Седлоски.

Се вчитува...