Гоце Седлоски е промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Денеска на прес-конференција, ФФМ и официјално го претстави Седлоски за нов предводник на „А“ националниот тим.
Договорот на Седлоски е на две години, со можност да биде продолжен на уште две. Исто така до јуни следната година паралелно ќе го води и Вардар и репрезентацијата.
„ФФМ максимално застанува зад Седлоски и стручниот штаб. Договорот е 2+2 години. Затоа што имаме до јуни само еден прозорец, Седлоски ќе работи и во ФФМ, а бидејќи не сакаме да нанесеме штета на ниту еден клуб, како што беше со Станиќ, тој ќе си работи во Вардар паралелно. Тоа може да наиде на критики, може не, но тоа е наша одлука. Ќе има шпекулации, тоа е нормално во фудбалот. Ние сме убедени дека Седлоски е најдоброто решение за селектор, и времето ќе покаже дали е исправно или не“, изјави Омерагиќ.

Неговиот прв предизвик ќе биде баражот за пласман на Светското првенство против Данска во Копенхаген на 26. март 2026 година, а потоа и евентуалното финале со победникот од следниот бараж Република Ирска – Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

