Гоце Седлоски беше назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и ќе ја води во баражот против Данска за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Денеска се обрати и Седлоски околу целата ситуација и нападот од поранешниот селектор, Игор Ангеловски.
„За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски фудбалски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат ниту „со среќа Македонијо“. Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета”, објави Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА