Различно расположение меѓу двајцата тренери по триумфот на Победа над Вардар во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На Победа и беа повеќе од неопходни бодовите во трката за опстанок, па стратегот Зоран Штерјовски не го криеше задоволството веднаш по мечот во Охрид.
„Нема што, премногу ја сакавме оваа победа. Знаевме некако дека Вардар е во играчка криза, му недостастусаваат неколку првотимци, а во второто полувреме паѓа во играта. Имавме малку порезервирано прво полувреме, потоа следеа неколку промени во составот, па на крајот со два гола сосема заслужено се реванширавме на Вардар за оној пораз во Скопје“ – рече Штерјовски.
Од друга страна, Гоце Седлоски жали за пропуштената победа затоа што, според него, Вардар бил далеку подобар тим.
„Откако постигнавме гол во првиот дел потоа во второто полувреме тотално доминиравме не искористувајќи неколку 100% шанси. Место да водиме убедливо, кога не постигнавме голови, потоа следеше казната“ – рече Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА