ЕКИПА во Лозана
Горан Бошев
Познат е составот на Вардар, кој вечерва ќе „брка“ пласман во третото квлификациско коло во Лигата на Конференции против Лозана. „Црвено-црните“ на овој меч влегуваат со предност од 2-1 во Скопје.
Тренерот Гоце Седлоски се одлучи овој натпревар да го почне со капитенот Горан Закариќ, кој се враќа во тимот после повредата, која ја заработи уште на мечот против Ла Фиорита во Сан Марино.
На голот стандардно застанува Давор Талески. Нема промена на бековските позиции каде ќе дејствуваат Јанкулов и Маневски, додека како стопери ќе бидат Матиќ и Фаустин. Донгмо, Босанчиќ и Тодоровски треба да бидат во средината на теренот, додека Мато, Закариќ и Омерагиќ во нападот на „црвено-црните“.
Тоа е составот кој вечерва ќе брка пласман во следната фаза.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

