Екипата на Широки Брег која од клупата ја предводи Гоце Седлоски на Кошево загуби од Сараево со 1-0 во Премиер лигата на Босна и Херцеговина. Македонскиот тренер случајно, се најде во центарот на вниманието и го насмеа коментаторот на босанската телевизија.
Седлоски беше видно нервозен пред крај на натпреварот на моменти и жестоко обраќајќи се до своите фудбалери покрај аут линијата. А, дел од тоа што им го упати можеше да се слушне и на ТВ екраните.
„Сега да се соблечам, ќе ја „изедам“ топката, ќе ја „изедам“…“ им викна Седлоски на своите играчи кои пред крај на натпреварот никако не успеваа да го изедначат резултатот.
Неговите зборови го насмеаја и коменататорот на преносот. Погледнете како изгледаше целата ситуација:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА