Седлоски: Мора да бидеме внимателни против Динамо, ќе дадеме се од себе

Македонскиот шампион Шкупи утревечер во Загреб ќе го одигра првиот меч од 2. коло во елиминациите од Лигата на шампионите.

Стратегот на чаирчани, Гоце Седлоски, на прес-конференцијата пред мечот потенцираше дека Динамо ќе биде сериозен противник, но Шкупи нема однапред да се предаде.

„Со Динамо имам многу спомени како екс-фудбалер на овој тим. Сепак, денес сум на страната на Шкупи и јас велам нема да се откажеме така лесно. Колку што успеав да видам, Динамо игра отворен фудбал, затоа треба да бидеме внимателни, ќе дадеме се од себе во текот на целиот натпревар за да постигнеме позитивен резултат“, заклучи Седлоски.

Се вчитува...