Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар по седум години се враќа на европска сцена. Во првото коло од квалификациите за Конференциската лига „црено-црните“ за противник ќе ја имаат Ла Фиорита од Сан Марино.
Тренерот на „вардарци“, Гоце Седлоски пред утрешниот прв натпревар во Скопје на арената „Тодор Проески“, нагласува дека Вардар секако оди на победа, без разлика на тоа што во модерниот фудбал нема фаворити на хартија.
„Одработивме добро подготовки. После долги години Вардар е повторно во Европа. Ние ја гледаме нашата работа, се надевам дека играчите ќе дадат максимум и ќе победиме на утрешниот меч во Скопје“ – истакна Седлоски на денешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:
„Нема фаворити во денешниот фудбал, насочени сме само кон самите себе, а не кон противникот. Сакаме да пристапиме максимално професионално на мечот… Најважно е како ќе одработат моите момци затоа што имаме реванш за седум дена“.
Што се однесува до противникот….
„Добро ги анализиравме, лани исфрлија белоруски тим. Има и добри и лоши работи на противникот. Нема опуштање, нема лесен противник денеска и затоа мора да го одработиме максимално утрешниот дуел“ – вели Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

