ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Предноста на Вардар од 3-0 по првиот меч со Ла Фиорита, им ги отвори „портите“ на „црвено-црните“ за пласман во 2. коло во Лигата на Конференции. Сега следува реваншот, на кој треба само да се доврши започнатото, и да се оди на мегдан со Лозана од Швајцарија.
Tренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски пред утрешниот реванш најави дека не смее да има опуштање.
„Уште по завршувањето на првиот меч им кажав на играчите дека нема опуштање. Гледаме какви екипи испаѓаат од Европа. Да покажеме дека сме дојдени тука за да поминеме понатаму. Резултатот од 3-0 не смее да не залажува. Имаме проблеми, Најдовски, Фаустин, Талевски се повредени. Некои играчи првпат играат вакви мечеви. Нема да потцениме никого, напротив очекувам да го засилиме темпото и да одиграме уште подобро. Резултатот од 3-0 го оставаме зад себе, го забораваме и така ќе влеземе во натпреварот“, изјави Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

