Гоце Седлоски не знае за ништо друго освен за победа со Вардар на дуелите против Шкендија. По новата трета сезонава, сега од 3-1, шефот на стручниот штаб на „вардарци“ не го криеше задоволството од заслужениот триумф, но потенцираше дека во тимот нема и не смее да има никаква еуфорија затоа што пролетта и битката за титула уште трае…
„Сосема заслужена победа, одигравме далеку подобро од противникот и стигнавме до посакуваните три бода. Многу работевме оваа зима токму и за овие големи натпревари на кој се одлучува многу што во првенството. Но нема никаква еуфорија, сакаме во продолжение од сезоната да бидеме уште подобри. Уште долг е патот до титулата, а веќе за три дена со Шкендија не чека и првиот натпревар во полуфиналето од Купот“ – ни изјави Седлоски веднаш по дуелот на „Телеком арена“.
Стратегот на Шкендија потенцираше дека и главниот судија Александар Ставрев кумувал на победата на Вардар?
„Ако некој има да и гледа под лупа и на оваа победа на Вардар, тогаш не знам што да кажам. Знаете дека никогаш не сакам да го коментирам судењето“ – истакна кратко Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА