Седлоски: Сакам моите фудбалери да покажат карактер против Лозана

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре на домашен терен ќе ја пречека швајцаркса Лозана во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од квалификациите во најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Тренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски на официјалната прес-конференција изјави дека имаат силен противник за рива, па од неговите избраници на овој меч очекува да покажат карактер.

„Против себе имаме добар противник. Мораме да бидеме свесни дека нѐ очекува тежок меч во овие први 90 минути во Скопје. Швајцарскиот фудбал напредува и имаат силна лига. Имаме респект, но треба да излеземе, да покажеме карактер. Се зависи како противникот ќе ни дозволи да играме. Се надевам дека нашите момци кои ќе излезат на теренот ќе го дадам максимумот и ќе имаме добар резултат пред реваншот кој е во Лозана за седум дена. Не сакам да кажувам со кој резултат ќе бидам задоволен, бидејќи има уште 90 минути ккои ќе се играат во Лозана. Утре нека победи тој што е подобар“, изјави Седлоски.

Се вчитува...