ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ
Македонскиот селектор Гоце Седлоски истакна дека Македонија доживеа тежок и болен пораз по огромен пад во играта низ 15 први минути од второто полувреме кои секако ќе се анализираат за да се види од каде таков пад на концентрација…
„Сакам да и честитам на Данска за пласманот во финалето. Задоволен сум од одиграното прво полувреме, а на полувреме им кажав на играчите да излеземе малку од наша половина и да поиграме фудбал. Ова е тежок пораз кој боли, останува пред нас да работиме, но имавме против нас една силна Данска која заслужено победи. Најмногу стравував од страничните позиции и мислам дека од таму дојде поразот“ – рече Седлоски.
А, како се одлучи за ваква формација и со таков избор на играчи на неприродни свои позици…
„Формацијата е таа која ја спремавме низ изминативе денови. Барав на полувреме да се смириме, и да излеземе да засилиме темпо и да почнеме да играме фудбал. Но, ете примивме брзо некакви три чудни гола. Не знам зошто така паѓаат во игра одеднаш фудбалерите, ќе разговарам со нив зошто има таков пад на концентрација, и зошто нема реакција по примен прв гол. Но, тоа мора да се види зошто е така, и не смее да се дозволи, без разлика што играме против една силна Данска“ – дополни Седлоски.
„Ставив играчи кои се најстандардни во клубовите, и затоа играа тие што се во најдобра форма. Секако ќе има анализи, ќе видиме кој потфрлил а кој не. Сега имаме за четири дена нов натпревар, а потоа ќе видиме дали ќе се повикуваат нови фудбалери, и што и како понатаму со репрезентацијата“ – истакна македонскиот селектор.
Дали Данците по само едно полувреме не прочитаа која е нашата тактика и кои се најслабите наши алки, т.е страничните позиции…
„Факт е дека крилните играчи не одговорија, па очигледно е дека напаѓаа по страничните позиции и тука го решија натпреварот“ – рече Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

